Top Sport

Михајловиќ го победи и корона вирусот – утре се враќа на работа

Синиша Михајловиќ утре ќе се врати на теренот со Болоња, откако по последниот тест е негативен на корона вирус, совладувајќи ја болеста.

По позитивниот тест на 23 август, српскиот тренер работеше на „далечина“ со својот тим – тој беше затворен во својата хотелска соба во Пинцоло.

„Жал ми е што не сум на тренинзите со тимот. Пред една година беше леукемијата, сега е КОВИД, но моите момци работат добро и без мене. Ќе се ослободам од оваа ситуација, исто како од леукемијата“, изјави пред неколку дена Михајловиќ.

Scroll to Top