Победата на Пјер Гасли на Италијанското ГП во Монца во неделата беше причина за возбуда во Формула 1, откако, конечно, некој аутсајдер се проби на првото место во спортот каде што тоа ретко се случува.
Посебна радост имаше во тимот на Алфа Таури, поранешните Скудерија Торо росо, кои чекаа на победа од таа на Себастијан Фетел на истата патека во далечната 2008 година.
Но, не беа сите среќни од оваа победа. Рускиот колега на Французинот, Данил Квјат зачуди со тишината со која ја проследи веста на неговите инженери дека Гасли триумфирал. Додека механичарите славеа во позадина, Квјат беше тивок…