Легендарниот напаѓач на Реал Мадрид Уго Санчез смета дека вината и одговорноста за целата фама што се случуваше околу Лионел Меси оди кај неговиот татко и менаџер Хорхе.
Поранешниот репрезентативец на Мексико е убеден дека таткото на Меси и неговите адвокати направиле погрешна проценка на целата ситуација.
„Поради тоа сега Меси нема друг избор, мора да остане во Барселона. Тие мораа да го известат клубот какви се неговите намери, односно дека сака да си замине пред истекот на договорот“, истакнал Санчез и дополнил.
„Бидејќи ниту еден клуб во една ваква криза не може да плати 700.000.000 евра за еден фудбалер, обидот еднострано да се раскине договорот се покажа како грешка. Таквиот потег ги разниша неговите позиции, а во исто време клубот ги зацврсти своите позиции.
Санчез, по сите случувања во изминатите две недели, тврди дека иднината на меси повеќе не е во Барселона.
„Тој сака да освојува титули, мора да си најде некоја друга екипа, со која ќе освојува титули за да докаже дека е најдобриот на сите времиња. Меси во моментов не е во добра ситуација. Случувањата со клубот ќе му претставува товар во наредната сезона“.
Уго Санчез со Реал пет пати бил шампион на Шпанија. Играч на Реал бил од 1985 до 1992 година.