Top Sport

Игуаин се сели кај Бекам во Мајами

Гонзало Игуаин наскоро ќе го раскине договорот со Јувентус и ќе стане слободен агент. Неговиот брат и менаџер Николас во Торино ги привршува преговорите со Јувентус. Игуаин и „старата дама“ спогодбено ќе го раскинат договорот кој му истекува наредното лето.

Аргентинецот кој во 2016 година за 90 милиони евра од наполи се пресели во Јувентус кариерата ќе ја продолжи во САД. Негов нов клуб ќе биде Интер Мајами чии сопственик е Дејвид Бекам.

Scroll to Top