Најдобрата тенисерка во светот Ешли Барти нема да ја брани титулата на Ролан Гарос. Австралијката не сака да патува во Европа поради пандемијата на вирусот Ковид-19. Поради коронавирусот таа се повлече и од Ју-Ес опен.
„Ова беше тешка одлука, но за жал нема да се натпреварувам во Европа. Минатогодишниот Ролан Гарос беше најуспешниот турнир во мојата кариера, поради тоа не беше лесно да ја донесам оваа одлука“, рекла Барти.
Ролан Гарос ќе започне во Париз на 27 септември, а организаторите соопштија дека на трибините ќе има ограничен број на гледачи.