Австриецот Матијас Маер победи на трката во супервелеслалом што се одржа на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.
Маер кој и пред трката беше во кругот на фаворити за освојување на медал, трката ја заврши за 1:24.44 минути што му беше доволно за да го освои златото. За Маер ова е второ злато на Олимпијадите, откако пред четири години во Сочи победи во спуст.
Ова е прво злато за Австрија во супервелелслалом по 1998 година и Игрите во Нагано кога победи легендарниот Херман Маер.
GOOOOLD für Österreich! @matthiasmayer_ erlöst die gebeutelten Speedfahrer. Glückwunsch! #AUT #PyeongChang2018 pic.twitter.com/FyrfMQ7dG4
— Eurosport DE (@Eurosport_DE) February 16, 2018
Второто место му припадна на Швајцарецот Бает Фојц кој задоцни за 13 стотонки, а бронзата ја освои Норвежанецот Четил Јансурд.
Норвежанецот го освои вториот медал во Пјонгчанг, откако претходно во спуст се закити со сребрениот медал.
Неговиот сонародник Аксел Лунд Свиндал кој во Пјонгчанг стана олимписки шампион во спуст, супервелеслаломот го заврши на петтото место.