Top Sport

Меклиш повторно ќе ја предводи Шкотска

Алекс Меклиш е назначен за селектор на фудбалската репрезентација на Шкотска. Меклиш ја прифатил понудата од националниот Сојуз и по 11 години повторно се врати на селекторката функција.

Меклиш со Сојузот потпишал договор до 2020 година. Тој ќе дебитира во новото натпреварување на УЕФА, Лига на нации, во октомври против Албанија. Целта на Сојузот и Меклиш е репрезентацијата да избори пласман на Европското првенство кое ќе се одржи за две години.

Алекс Меклиш е поранешен шкотски репрезентативец од средината на 80. години на минатиот век. Целата своја фудбалска кариера тој ја минал во Абердин. Како тренер ги предвотел Мотервил, Хибернијан, Глазгов Ренџерс, Астон Вила, Нотингем Форест, Генк и Замалек.

Селектор на Шкотска бил во 2007 година, во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2008 година. Тогаш Шкотите запишаа сензационална победа над Франција во Париз, но поради поразот од Италија не се пласираа во плјофот поради што Меклиш ја напушти функцијата.

Scroll to Top