Пабло Карењо-Буста и Александар Зверев ја формираа првата полу-финална двојка во машка конкуренција на Ју-Ес опен.
Шпанецот Карењо-Буста го преживаа маратонскиот меч и во пет сета го победи Денис Шаповалов.
Карењо-Буста кој во четврт-финалето речиси без борба го мина Новак Ѓоковиќ го изедначи својот најдобар резултат на Гренд слем турнирите, откако по повеќе од четири часа игра го совлада Шаповалов со 3/6, 7/6, 7/6, 0/6, 6/3.
Од друга страна петтиот носител Александар Зверев одигра лош прв сет против Борна Чориќ, потоа успеа да го подигне нивото на играта и да го добие следните три сета.
Германецот го победи тенисерот од Хрватска со 1/6, 7/6, 7/6, 6/3.
За Зверев ова е второ Гренд слем полу-финале оваа сезона. Меѓу најдобрите четири се пласираше и на Австралија опен, но не успеа да го мине Доминик Тим.
Pablo Carreno Busta. Alex Zverev.
This one's gonna be litty ? pic.twitter.com/8k4GjzETZ8
— US Open Tennis (@usopen) September 9, 2020