Top Sport

Флик ќе смета на Тијаго и Алаба, Перишиќ се враќа во Интер

Тренерот на Баерн Минхен Ханси Флик рекол дека смета на Тијаго Алкантара и Давид Алаба во наредната сезона и потврдил дека Иван Перишиќ ќе се врати во Интер.

Изминатите денови се шпекулира дека Алкантара ќе го напушти клубот, а слична е ситуацијата и со Алаба кој поради нереалните финансиски барања не сака да потпише нов договор.

Медиумите го поврзуваат Алкантара со трансфер во Ливерпул, додека за Алаба наводно се заинтересирани Челси и Манчестер сити.

„Ситуацијата не е лесна. Сепак додека се тука јас сериозно сметам на нив“, рекол Флик.

Тренерот потврдил дека Перишиќ ќе се врати во Интер како што претходно тоа го направија Фелипе Кутињо и Алваро Одриозола.

„Решивме со нив да не ја продолжуваме соработката. Ќе се обидеме да донесеме квалитетни играчи на позициите кои тие ги пополнуваа“.

Баерн новата сезона во Бундес лигата ќе ја започне против Шалке.

Scroll to Top