Top Sport

“Ги славев само победите, а секогаш победувавме“

Роналдо Луис Назарио де Лима за многумина е еден од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалот. Поради честите повреди предвреме замина во пензија. Славниот Бразилец сега е претседател на фудбалскиот клуб Ваљадолид.

Роналдо покрај со талентот во медиуми, додека беше активен играч, беше присутен и поради лудите забави кои никогаш не ги пропуштал.

„Многу работи се кажуваат. Некогаш сум можел и да претерам, но никогаш не го правев тоа. Бев одговорен и се трудев тоа да не влијае врз мојата физичка подготвеност“, рекол Роналдо во разговор со поранешниот напаѓач на Реал Хорхе Валдано и дополнил.

„Секогаш кога ќе забележевме победа сакав да прославам. Проблем беше во тоа што секогаш победувавме. Сепак во приказните има повеќе измислици, а многу помалку вистина“.

Scroll to Top