Претходните денови судејќи по се што беше презентирано, пред се од шпанските медиуми, се стекна впечатокот дека Уругваецот Луис Суарез ќе ја напушти Барселона и кариерата ќе ја продолжи во италијанскиот шампион, Јувентус.
Информациите беа дека наводно се е договорено, но по последната објава на голгетерот на социјалната мрежа Инстаграм се чини дека од тоа нема да има ништо.
Уругваецот објави фотографија од денешниот тренинг на каталонскиот тим, на која тој е со широка насмевка на лицето.
Ова беше дочекано како исмевање на веста дека тој се сели на „Чизмата“ во тимот каде прва ѕвезда е Кристијано Роналдо, најголемиот ривал на неговиот добар пријател – Лео Меси.
Останува да се види дали навистина Суарез останува на „Ноу Камп“ или, пак, ова е „димна завеса“ додека трансферот во целост не се реализира.