Кошаркарите на Торонто Репторс и Бостон Селтикс ќе играат мајсторка за пласман во финалето во Источната конференција. Репторс, изминатата ноќ, по две продолженија славеа над Селтикс со 125:122 и го израмнија резултатот во серијата на 3:3.
Торонто и во регуларниот дел и во првото продолжение беа поблиску до победата, но Бостон успеаваа да изборат продолженија.
Кајл Лаури со 33, Норман Пауел со 23 и Фред Ванвлит со 21 поен го предводеа Торонто до победата. На спортивната страна Џејлен Браун постигна 31 поен, Џејсон Тејтум 29, а Маркус Смарт забележа трипл-дабл од 23 поени, 11 скока и 10 асистенции.
На Западот победа ги дели ЛА Клиперс од пласман во финалето. Во четвртиот меч Клиперси славеа над Денвер со 96:85 за предност во серијата од 4:1.
Каваи Ленард го предводеше својот тим до победата со 30 поени, 10 скока и 9 асистенции, на спротивната страна Никола Јокиќ повторно беше најдобар со 26 поени, 11 скока и 6 асистенции.