Доминик Тим и Данил Медведев ја формираа втората полу-финална двојка на Ју-Ес опен. Вториот носител Тим во четврт-финалето го победи Алкес Де Минор, додека Медведев го совлада сонародникот Андреј Рубљов.
Вториот носител Тим го декласира својот противник со 6/1, 6/2, 6/4. Австриецот шестти пат во кариерата ќе игра вполу-финале на Гренд слем турнир. На патот до полу-финалето тој загуби замо еден сет, од Марин Чилиќ во третото коло.
За разлика од Тим Медведев се уште нема загубено сет. Минатогодишниот финалист го победи Рубљов со 7/6, 6/3, 7/6.
Во второто полу-финале ќе играат Александар Зверев и Пабло Карењо-Буста.