Синоќа бил одржан состанок на клубовите кои ќе се натпреваруваат во Серија А во претстојната сезона. Веднаш по завршувањето на состанокот се појави шпекулација дека еден од присутните
бил позитивен на Ковид-19.
Денес фудбалскиот клуб наполи објави дека претседателот Аурелио Де Лаурентис им а коронавирус.
Покрај него во самоизолација ќе кмора да одат и преостанатите челници на клубовите од Серија А.
Италијанските медиуми пишуваат дека Де Лаурентис се однесувал не одговорно на состанокот, не ја носел прописно маската, а се појавил на состанокот иако ги чекал резултатите од тестовите на Ковид-19.