Top Sport

Рома ќе им го позајми Флоренци на ПСЖ

Фудбалерот на Рома Алесандро Флоренци се наоѓа на чекор до ПСЖ. Италијанските медиуми пишуваат дека двата клуба договориле едно годишна позајмица со опција ПСЖ по завршувањето на сезоната да можат да го откупат неговиот договор.

„Светците“ во овој преоден рок останаа без една од опциите на позицијата десен бек, откако Тома Муние како слободен играч се пресели во Борусија Дортмунд. ПСЖ го сакаа на позајмица Ектор Белерин од Арсенал, меѓутоа од Лондон беа заинтересирани да го продадат својот играч, а не да го испраќаат на позајмица.

Флоренци е надвор од сите комбинации во Рома. Полу-сезоната тој ја мина на позајмица во Валенсија.

Scroll to Top