Top Sport

Ивановиќ се враќа во Премиер лигата

Поранешниот српски репрезентативец Бранислав Ивановиќ ќе се врати во Премиер лигата. Србинот е слободен играч откако му заврши договорот со Зенит. Иако се поврзуваше со Црвена звезда тој решил да се врати во Англија.

Последен пат тој одиграл натпревар во Премиер лигата во декември 2016 година во дресот на Челси.

Според медиумите Ивановиќ ќе ги засили редовите на повратникот во Премиер лигата, Вест Бромвич Албион. На трансферот инсистирал тренерот Славен Билиќ.

Ивановиќ со ВБА треба да потпише едно годишен договор.

Scroll to Top