Top Sport

Кристијано Роналдо срушил 11 фудбалски рекорди оваа сезона!

Иако сезоната ја заврши „само“ со домашниот трофеј со Јувентус, 35-годишниот Кристијано Роналдо може да се пофали дека имал една од најдобрите индивидуални сезони во својата кариера со 11 неверојатни статистики за 2019/20.

Петкратниот освојувач на „Златната топка“ го постигна својот 100. и 101. гол за Португалија во неделната 2:0 победа над Шведска, додека со Јувентус имаше дури 31 постигнат гол, и бројките сами зборуваат за неговите квалитети во 2019/20.

– Тој стана првиот европски фудбалер со над 100 постигнати голови за репрезентацијата, и се доближи на само осум гола од рекордот на Иранецот Али Даеи (109 гола). Роналдо сега ист број на голови како најдобриот стрелец во француската репрезентација (Тјери Анри, 51 гол) и холандската репрезентација (Робин ван Перси, 50 гола) заедно. Вториот и третиот најдобар стрелец за Португалија (Паулета – 47 гола и Еузебио – 41 гол) комбинирано имаат 13 гола помалку од него.

Тој сега има над 700 голови во неговата кариера, нешто што досега им успеало само на шест други фудбалери (Пеле, Ромарио, Герд Милер, Јосеф Бицан, Ференц Пушкаш и Лионел Меси) стигнале до оваа цифра.

Тој исто така стана најстариот фудбалер кој постигнал повеќе од 30 голови во една од топ 5 европските лиги од 1948 година.

Роналдо стигна до 50 гола во само 61 меч за Јувентус, најбрзо во историјата на славниот италијански клуб и второ најбрзо во историјата на Серија А. Тој е исто така единствен фудбалер кој постигнал 50 гола во Премиер лигата, Ла лига и Серија А. Конечно, ова е 15. последователна сезона во која тој има двоцифрен број на постигнати голови.

„Иднината ја знае само Бог. Се чувствувам добро играјќи со овие млади фудбалери. Постигнувањата во кариерата зборуваат сами за себе и не морам да докажувам ништо. Кога ќе имам ќе го направам тоа на теренот“, изјави Роналдо по мечот со Шведска.

 

Scroll to Top