Реал Мадрид контактирале со агентите на Ријад Марез, тврди „Футмеркато“, бидејќи Алжирецот би бил совршена замена за Герет Бејл доколку „кралевите“ успеат да го продадат Велшанецот во летниот преоден рок.
Останува проблем дали Манчестер сити би се разделиле за фудбалерот кој има договор до 2023 година, додека од страната на Реал постои проблемот со финансиите – претседателот Флорентино Перез им порача на навивачите да не очекуваат големи засилувања ова лето.
Реал веќе ги продадоа Ашраф Хакими на Интер и Хамес Родригез на Евертон како дел од мерките за штедење. Марез имаше 33 меча во Премиер лигата минатата сезона во кои постигна 13 гола и имаше 16 асистенција.