Top Sport

Јастремска го шутна тренерот Бајин откако тој и честиташе на ривалката

Украинската тенисерка и поп-ѕвезда во нејзината татковина, Дајана Јастремска објави дека се разделува со својот тренер, Германецот со српско потекло, Саша Бајин, две недели откако му се налути што јавно честиташе на својата поранешна соработничка, Наоми Осака зошто ја победи Јастремска.

Јастремска го ангажираше Бајин пред помалку од една година, но по поразот во осминафиналето на Синсинати Мастерсот, тренерот реши да ја пофали Осака, која ја предводеше до титулите од САД опен во 2018 и Австралија опен во 2019.

Откако Бајин ја нарече Осака „подобрата тенисерка на теренот“ и и посака среќа, Јатремска преку Твитер одговори дека сметала дека таа е „подобрата тенисерка, без разлика дали победува“. По поразот во второто коло на САД опен, Јастремска реши дека е доволно.

„Би сакала да објавам дека по САД опен, ја прекинав соработката со Саша Бајин. Би сакала да му заблагодарам и да му посакам среќа во иднина. Ова беше убаво искуство за мене“, пишува Јастремска.

Тениската ѕвезда Јастремска ја објави својата прва рап-песна (видео)

Светската тенисерка број 1 Осака го шутна тренерот Бајин

Scroll to Top