Top Sport

Победа ги дели Лејкерси од финалето на Западот

Лос Анџелес Лејкерс ја забележаа третата победа во серијата со Хјустон Рокетс и се наоѓаа на чекор до пласман во финалето на Западот. Во четвртиот меч од серијата Лејкерси славеа со 110:100.

Лејкерис имаа целосна контрола врз случувањата на теренот, а кога на седум ипол минути до крајот на мечот создадоа предност од 23 поени делувеше дека мечот е готов. Меѓутоа Хјустон во наредните шест минути со серија 22:4 ја намалија разликата на само пет поени.

Сепак „ракетите“ немаа сили за целосен пресврт. Карусо со тројка во последната минута стави точка на мечот.

Леброн Џејмс одигра уште еден одличен натпревар во оваа серија, асистенција го делеше од трип-дабл (16 поени, 15 скокови, 9 асистенции). Најефикасен на мечот беше Ентони Дејвис со 29 поени.

Кај Хјустон катастрофален меч одигра Џејмс Харден, кој 16 од своите 21 поени постигна од линијата за слободни фрлања (16/20 слободни фрлања, 2/11 од игра). Расел Вестбрук ги предводеше „ракетите“ со 25 поени.

Петтиот меч од серијата на програмата е во недела наутро.

Scroll to Top