Диего Годин по само една сезона ќе го напушти Интер. Уругавецот кој во Атлетико Мадрид беше еден од најдобрите во светот на својата позиција, кај Антонио Конте во Интер не успеа да се прилагоди на формацијата со тројца централни дефанзивци во одбраната.
Годин, минатото лето потпиша три годишен договор, за плата од 5.800.000 евра по сезона. Поголема плата од него во тимот има само Ромелу Лукаку. Интер сакаат да го растоварат буџетот за плати и тоа е втората пирчина поради која 34 годишниот фудбалер ќе го напушти клубот.
Наводно Годин кариерата ќе ја продолжи на Сардинија, во Калјари. Во овој град во 1993 година е родена сопругата на Годин, Софија Ерера. Нејзиниот татко Хосе Оскар Ерера „Пеп“ Короминас пет години бил играч на Калјари.
Семејстовото Годин поседува куќа на овој остров, летните одмори често ги минувале на Сардинија што значи дека сега ќе имаат постојан престој таму.
Италијанските медиуми пишуваат дека Годин го прифатил повикот од Калјари и дека останува неговиот менаџер да го договори финансискиот модел.