Интер се обидуваат да склучат договор со Челси со кој би ги пратиле во Премиер лигата Кристијан Ериксен и Марцело Брозовиќ за да го добијат Н’Голо Канте, открива британскиот „Телеграф“.
Според весникот, „сините“ ја одбиле оваа зделка не поради квалитетите на фудбалерите, туку бидејќи од другата страна во клубот е нивниот поранешен тренер, Антонио Конте. Во Челси се незадоволни од начинот на кој Конте се рздели со клубот, откако им зеде огромна отштета бидејќи одбиваше да го раскине договорот и не сакаат да преговараат.
Канте е на врвот на листата на желби на Конте, но цената од 60 милиони евра значи дека мора да продадат други играчи. Тој одамна му порача на Ериксен дека не смета на него во иднината на клубот, а Брозовиќ неодамна на социјалните мрежи најави дека би размислил да замине од клубот.