Top Sport

Нејмар се опорави од корона вирусот, се враќа на тренинзи

Нејмар преку социјалните мрежи објави дека е „супер среќен“ што имал негативен тест на КОВИД-19 по што се вратил на тренинзи со Пари Сен-Жермен.

Бразилскиот ас беше еден од повеќето фудбалери на францускиот гигант кои имаа позитивни тестови на корона вирусот, откако беа дел од забавите кои се случувале на шпанскиот остров Ибица заедно со Анхел ди Марија, Леандро Паредес, Мауро Икарди, Кејлор Навас и Маркињос.

„Се вратив на тренинзи, супер среќен сум. Корона аут“, напиша Нејмар на Твитер.

ПСЖ имаа лош финиш на сезоната 2019/20, кога загубија во финалето на Лигата на шампионите од Баерн Минхен, а вчера во нивниот прв меч од новата сезона во Лига 1, загубија со 1:0 од Ленс.

Scroll to Top