Оливие Жиру ги демантира шпекулациите кои го поврзуваат со „итен“ трансфер во Јувентус, велејќи дека сака да остане во Челси и да се бори за своето место во првиот тим на Челси.
Откако ја помина првата половина од 2019/20 на клупата и се веруваше дека во јануари ќе замине, францускиот напаѓач беше клучен за Челси, постигнувајќи осум гола во последните 12 меча од Премиер лигата. Но, сега со враќање во форма на Теми Абрахам и пристигнувањето на Тимо Вернер од Лајпциг, повторно се вратија шпекулациите дека Јувентус се подготвени да го донесат во Серија А.
„Италијанците, секогаш се занесуваат многу бргу. Бев изненаден кога ми дојдоа пораки денеска од моите пријатели кои велеа дека сум во Јувентус. Тоа е далеку од вистината. Јас сум фудбалер на Челси и се чувствувам добро тука. Убаво е да се има вакво внимание, тоа ми ласка, но јас сум фокусиран на Челси“, вели Жиру.