Top Sport

Фудбалско „торпедо“ од 60 метри во Романија

Во фудбалското првенство на Романија, на мечот меѓу Динамо Букурешт и Ботошани е виден феноменален гол, постигнат на далечина од 60 метри.

Имено, Шпанецот Борха Вале од својата половина испрати вистинско „торпедо“ кон противничкиот гол откако забележа дека гостинскиот голманот Едуард Папа не е на гол линијата

Вале во игра за Динамо влезе на стартот на вториот дел, а во 71 минута со прекрасниот погодок донесе израмнување за конечни 1-1.

Scroll to Top