Во второто коло на француската Лига 1, шампионот ПСЖ на домашен терен утре го дочекува Олимпик Марсеј во дуел кој е најголемото француско дерби.
По поразот од Ленс во првото коло (1-0), победата за екипата од „Паркот на принцовите“ е императив.
Во составот за овој дуел се враќаат Нејмар, Навас, Паредес и Ди Марија кои се опоравија од коронавирусот.
„Сите тие сакаат да играат во недела. Тоа не е потребно да се преиспитува, но јас ќе одлучам кој ќе го започне мечот. Ако не постојат ризици, тие ќе играат“ рече тренерот Тухел.
Во комбинација за настап ќе биде и новото засилување на „Светците“, Алесандро Флоренци.
Сепак, во составот ќе ги нема Килијан Мбапе, Маркињос и Мауро Икарди затоа што се позитивни на Ковид 19.