Енди Мареј полека се подготвува за својот кам-бек на тениските терени, откако постираше видео на Инстаграм во кое сервира без проблеми.
30-годишниот Шкотланѓанец нема играно од Вимблдон во јули, кога ја влоши повредата на колкот, и иако се веруваше дека нема да игра до новата сезона, последните шпекулации велат дека тој може да направи кам-бек многу побргу.
„Полека, но сигурно пристигнуваме таму“, напиша Шкотланѓанецот.