Top Sport

Проблеми за ЛА Клиперс, се повреди Теодосиќ

Српскиот репрезентативец Милош Теодосиќ не го заврши натпреварот против Феникс во НБА лигата. Плејмејкерот на ЛА Клиперс го повреди стапалото во финишот на втората четвртина.

Милош Теодосиќ кој сезонава дебитира во НБА лигата, не го заврши својот втор натпревар за ЛА Клиперс. Во финишот на првиот дел тој го повреди стапалот и веднаш беше изнесен од теренот.

Клубот соопшти дека рендгенот покажал дека нема фрактура на стапалото, а магнетната резонанца ќе го покаже степенот на повредата.

До повредата Теодосиќ беше 10 минути на теренот и имаше учинок од пет поени и две асистенции.

Клиперси на крајот го декласираа Феникс со 130:88.

Scroll to Top