Милан остануваат заинтересирани за дефанзивецот на Фиорентина, Никола Миленковиќ, но клубот од Фиренца како контра-предлог го нудат Федерико Киеза, јавува „Ла газета дело спорт“.
Тренерот на „росонерите“, Стефано Пиоли е заинтересиран да ја засили својата одбрана со Србинот, но Фиорентина инсистира дека тој ќе остане уште една сезона, но подготвени се да го дадат на „попуст“ Федерико Киеза, кој одбива да го продолжи договорот со Виола.
Договорот на Киеза завршува во јуни 2022 и Фиорентина ризикуваат да го продадат за уште помала сума следното лето. Според „Газета“ со оваа понуда, Фиорентина сакаат да го тргнат вниманието од Миленковиќ, за кого беа заинтересирани и повеќе премиерлигаши.