Top Sport

Хаос и црвено знаме во Муџело! Екстремно опасен судир по рестартот!

Стартот на ГН на Тоскана на патеката Муџело помина во вистински хаос, откако по првичните излетувања на Макс Ферстапен и Пјер Гасли и по излегувањето на безбедносното возило се случи огромен инцидент.

Кога замина безбедносното возило во средината се возеше пребргу и имаше огромне судир, по кој трката ја завршија Карлос Саинс (Мекларен), Кевин Магнусен (Хас), Никола Латифи (Вилијамс) и Антонио Џовинаци (Алфа Ромео).

По ова трката веднаш беше прекината и сега се очекува да се расчисти патеката.

Катастрофа за Ферстапен и Гасли во Муџело, веднаш безбедносно возило

 

Scroll to Top