Top Sport

Катастрофа за Ферстапен и Гасли во Муџело, веднаш безбедносно возило

Стартот на првата трка за Големата награда на Тоскана, првата трка во историјата на патеката Муџело не беше најдобар, откако поради инциденти излезе безбедносното возило на патеката, а во аут се најдоа асот на Ред бул, Макс Ферстапен, како и победникот на минатата трка во Монца, Пјер Гасли во Алфа Таури.

Ферстапен имаше лош старт на трката очигледно со проблеми со моќноста на моторот, по што беше закачен од Раиконен. Гасли пак беше во „сендвич“ меѓу Раиконен и Грожан и на крајот имаше среќа што не се случи поголем инцидент.

Напред, Валтери Ботас успеа да го помине колегата Луис Хамилтон на стартот, додека до третото место скокна Шарл Леклер во Ферари.

Scroll to Top