Top Sport

Робен се повреди во првиот официјален меч за Гронинген по 16 години

Емоционалното враќање на Арјен Робен во Гронинген заврши по само половина час во првиот официјален меч, откако се повреди при 1:3 домашниот пораз од ПСВ Ајндховен во првото коло на Ередивизие.

Поранешниот холандски репрезентативец се пензионираше во 2019 откако замина од Баерн Минхен, но неговиот клуб од детството успеа да го убеди да се врати во акција и во неделата, 36-годишниот ветеран беше во стартните 11.

Но, во 29. минута од мечот, тој седна на теренот и побара да биде заменет од Томас Суслов. И покрај ова, тој успеа да го сруши рекордот на Робин ван Перси, враќајќи се во лигата по 16 години и 155 дена, откако Ван Перси помина 13 години и 267 дена надвор од лигата.

Scroll to Top