Top Sport

Драма во Истанбул – Марија Тиг со победа над Бушар по осум меч-поени

Романката Патриција Марија Тиг по борба од два и пол часа успеа да ја совлада Канаѓанката Јуџини Бушар со 2:6/6:1/7:6(4) на нејзиниот осми меч-поен, за да ја освои својата прва ВТА титула на Истанбул опен.

26-годишната Марија Тиг, која на САД опен оваа година првпат го мина првото коло на еден гренд слем, експресно го загуби првиот сет од Бушар, но потоа уште полесно израмни на 1:1, по што следуваше борбата за секој поен во третиот сет. Тиг имаше 4:1 водство во сетот, но дозволи Бушар да се врати и да примора тај-брејк, кој потоа го освои со 7:4.

За 26-годишната Бушар ова беше ново разочарување, откако се обидуваше да ја освои својата втора ВТА титула и прва од Нирнберг 2014.

Scroll to Top