Top Sport

Анчелоти воодушевен од Хамес: Да сакав брзина ќе го донесев Јусеин Болт

Менаџерот на Евертон, Карло Анчелоти вели дека воопшто не го загрижува недостатокот на брзина и физичка сила на неговото ново засилување, Хамес Родригез, откако беше воодушевен од неговата игра при 1:0 победата на гости кај Тотенхем.

Колумбиецот имаше одлично деби во Премиер лигата, создавајќи дури пет шанси за гол за „карамелите“ и Анчелоти, кој го донесе Хамес и во Реал Мадрид и во Баерн Минхен кога беше тренер таму имаше само пофални зборови за 29-годишниот Колумбиец.

„На фудбалерите кои знаат да играат фудбал, не им треба многу време за адаптација. Хамес знае што треба да прави, Алан и Дукуре исто така. Го видов нивиот квалитет и имавме одлична комбинација во средината. Хамес можеби не е најбрзиот човек на светот, но носи поинаков квалитет. Не сум загрижен за тоа. Да сакав само брзина, тогаш ќе потпишев со Јусеин Болт, а не со Хамес“, вели Италијанецот.

Лош старт за Мурињо – Евертон го победи Тотенхем првпат од 2012!

Scroll to Top