Манчестер јунајтед размислуваат да го вратат Герет Бејл во Премиер лигата, но само ако добијат „попуст“ од Реал Мадрид, бидејќи сметаат на него како на добра замена за Џејдон Санчо, по неуспехот да се договорат со Борусија Дортмунд.
Според „Мундо депортиво“, во Реал веруваат дека Јунајтед ќе дадат понуда за 31-годишниот Велшанец пред крајот на преодниот рок на 5 октомври, додека британскиот „Телеграф“ тврди дека покрај Бејл, на листата на играчи за кои „ѓаволите“ се заинтересирани се и Иван Перишиќ и Даглас Коста.
„Мундо“ додава дека Реал Мадрид се толку очајни да се ослободат од Бејл, што би прифатиле и понуда од 20 милиони евра, но голема пречка е неговата неделна плата од 600.000 фунти. Минатата недела имаше шпекулации дека „кралевите“ дури би прифатиле да платат половина од неговата плата ако замине на позајмица, иако тие би преферирале да го продадат.