Капитенот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг стави крај на постојаните шпекулации за неговата иднина со потпишување на нов тригодишен договор со „топчиите“, со што е остварена првата цел на менаџерот Микел Артета.
Претходниот договор на габонскиот репрезентативец завршуваше летото 2021 година и клубот неколку месеци преговараше за новиот договор бидејќи не сакаа да го загубат својот најдобар стрелец последните две сезони по интересот на Барселона и Интер.
31-годишниот Обамејанг сега има „засилен“ договор со кој ќе заработува околу 250.000 фунти неделно.
„Фанови на Арсенал! Како што знаете, само што го потпишав тоа што беше потребно. Пресреќен сум и малку нервозен бидејќи конечно заврши. Ова е мојот дом. Уживам во овој ден, а потпишав бидејќи сакам да бидам легенда на Арсенал и да оставам нешто зад мене. Едвај чекам да ве видам на овој прекрасен стадион, се надевам наскоро“, изјави Обамејанг.
? The moment you've all been waiting for!
✍️ @Aubameyang7 pic.twitter.com/OUQdmoIEpW
— Arsenal (@Arsenal) September 15, 2020