Top Sport

Шест натпревари суспензија за Курзава, два за Нејмар

Дисциплинската комисија на француската Лига 1 ги одреди казните за инцидентот што се случи на дербито помеѓу ПСЖ и Олимпик Марсеј (0:1).

Во финишот на натпреварот петмина фудбалери добија црвени картони. Најголема казна поради инцидентот доби левиот бек на ПСЖ Левен Курзава, кој е суспендиран на шест натпревари.

Неговите соиграчи Леандро Паредес и Нејмар се суспендирани од два натпревари и условно од уште еден натпревар.

Фудбалерите на Олимпик Марсеј, Жордан Амави и Дарио Бенедето добија суспензија од три, односно еден натпревар,

Scroll to Top