Top Sport

Ундер заврши со Рома, се сели во Лестер

Рома и Лестер постигнале договор околу преселбата на Ченгиз Ундер на „Кинг Пауер“ стадионот.

Рома ќе го позајми турскиот репрезентативец за кого пред три години на Басакшехир им платија 14.250.000 евра.

„Скај Спорт Италија“ тврди дека Ундер пристигнал во Лестер и дека кога ќе ги мине медицинските прегледи ќе го потпише договорот.

Рома од позајмицата ќе заработи 3.000.000 евра, меѓутоа Лестер по завршувањето на сезоната ќе има обврска да го откупи неговиот договор за 24.000.000 евра.

Scroll to Top