Хрватскиот гигант Хајдук успеа да слави со 1:0 против Ренова и да го исфрли македонскиот претставник во второто квалификациско коло во Лига Европа.
Клучниот момент во мечот дојде уште во четвртата минута, кога по лоша реакција на одбраната на Ренова, Мијо Цакташ успеа да го совлада Велии. По ова хрватскиот клуб не беше убедлив, посебно во второто полувреме, но Ренова не успеа да го казни ова.
Единствен македонски претставник во европските натпреварувања останува Шкендија, која во 17.45 часот му гостува на романскиот клуб Ботошани.
Фото: ХНК Хајдук