Top Sport

ЕФЛ куп: „Волците“ испаднаа од Стоук, Барнли и Брајтон поминаа

Вулверхемптон успеаја да испаднат во првото коло на Англискиот лига куп, откако дома загубија со 0:1 од второлигашот Стоук.

Младиот напаѓач на Стоук, Џејкоб Браун во 86. минута успеа да донесе победа за поранешните премиерлигаши.

Барнли пак, во премиерлигашкиот дуел со Шефилд јунајтед успеа да слави дури по изведувањето на пенали откако по 90 минути мечот заврши 0:0. Брајтон пак, немаа проблем и со 4:0 го „здробија“ Портсмут.

ЕФЛ КУП, 1/32 ФИНАЛЕ

Барнли – Шефилд јунајтед 1:1, 5:4 пен.

Вулверхемптон – Стоук 0:1

Брајтон – Портсмут 4:0

Scroll to Top