Top Sport

Совршен старт на Сент-Етјен, го освоија и Марсеј

Сент-Етјен, легендарниот француски клуб кој уште го држи рекордот со 10 француски титули, има совршен старт на новата сезона во Лига 1, откако направија вистински „подвиг“ и победија на „Велодром“ против Марсеј со 2:0.

Марсеј во мечот влезе по својата прва победа над Пари Сен-Жермен од 2011 година, и со две победи во два меча, но дојдоа во негатива уште во шестата минута, кога Роман Хамума ги замолче навивачите на „Велодром“. „Зелените“ ја потврди Денис Буанга во 75. минута со фантастичен соло-гол.

Сент-Етјен сега се единствениот француски клуб кој има три победи во првите три кола и е на првото место на табелата.

Scroll to Top