Хозе Каљехон се уште не решил каде ќе ја продолжи кариерата. Шпанецот по седум години го напушти Наполи, медиумите го поврзуваа со Севиља и Бетис, меѓутоа можно е тој да остане во Италија.
33 годишниот фудбалер добил понуда од Лацио, три годишен договор вреден 2.500.000 евра. Клучен човек во овој трансфер би можел да биде неговиот пријател Пепе Реина.
Каљехон и Реина беа соиграчи во Наполи, а сега голманот ќе се обиде да ги убеди да му се приклучи и во Лацио.
Каљехон дресот на Наполи го носеше од 2013 годин, за овој клуб одиграл 350 натпревари.