ТСЦ од Бачка Топола и ФЦБС (поранешна Стеауа) одиграа натпревар во квалификациите во Лига Европа кој долго ќе се прераскажува.
По регуларните 90 минути и продолжениата немаше победник, дуелот заврши 6:6, а по изведувањето на пенали Стеауа победи 5:4. Играчот на ТСЦ Бањац во третата серија го промаши единствениот пенал.
Стеауа поради коронавирусот во Бачка Топола играше без деветмина од првиот тим, а за натпреварот пројави само 14 фудбалери. Од друга страна ТСЦ цело второ полувреме играа со играч помалку, а во продолженијата се бореа со двајца помалку на теренот.
„Граченоте“ портал специјализиран за фудбалска статистика дека по 24.000 одиграни натпревари во европските купови, дуелот во Бачка Топола е прв на кој двата тима постигнале најмалку пет гола.