Роналдо Луис Назарио де Лима на сите им е познат по името Роналдо, иако некогаш добива епитети како „оригиналниот“, „дебелиот“, „бразилскиот“ поради Кристијано Роналдо, но кога ја започна својата кариера како фудбалер на Бразил, тој беше нарекуван Роналдињо.
„Р9“, како што го нарекуваат неговите фанови, сигурно е најдобриот напаѓач на својата генерација, кој ако не се мачеше со повредите ќе стекнеше уште полегендарен статус.
Во 1994 година, на Светското првенство во САД, тој беше дел од тимот кој ја освои титулата, но не доби шанса да игра (имаше само 17 години). Тогаш на неговиот дрес пишуваше Роналдо, бидејќи другиот Роналдо во тимот, Роналдо Родригеш де Жесус, го смени името на дресот од Роналдо во Роналдао (што значи Голем Роналдо).
Две години подоцна, на Олимпијадата во Атланта, Р9 беше клучен човек во тимот со дрес број 18 (деветката беше резервирана за Жунињо Паулиста), но на неговиот грб пишуваше „Роналдињо“ (малиот Роналдо), бидејќи дефанзивецот Роналдо Гујаро беше само Роналдо. На тој турнир, тогашниот напаѓач на Барселона постигна пет гола за да го освои бронзениот медал со „селесао“.
Секако, подоцна Роналдо де Асис Мореира беше познат како Роналдињо, но за работата да биде покомпликувана и тој не почна со името Роналдињо во репрезентацијата. Во 1999 година, на неговиот дрес пишуваше Роналдињо Гаучо според бразилскиот регион од кој потекнува, слично како што двајцата Жунињо го носеа името на своите покраини – Жунињо Паулиста и Жунињо Пернамбукано.
Лудо…