Светската фудбалска федерација (ФИФА) на својот конгрес го усвои новиот предлог со кој се прават драстични промени во изборот на фудбалерите на репрезентацијата за која настапуваат, и која можат да ја сменат доколку се исполните одредени услови.
Според новото правило, фудбалерите ќе можат да ја сменат репрезентацијата ако ги исполнуваат овие пет услови:
1.За репрезентацијата за која настапуваат не одиграле повеќе од три меча.
2.За време на тие настапи не биле постари од 21 година.
3.Не настапувале на Светското првенство или на континенталните натпреварувања.
4.Од последниот настап поминале барем три години.
5.Додека настапувале за сегашната репрезентација имале и двојно државјанство.
Ограничувањата се поставени да се избегне богатите нации да „купуваат“ нови репрезентативци, а дури се дозволува и враќање во старата репрезентација, ако не заиграат за новата репрезентација.
Правилата се менуваат поради случајот пред Судот за арбитража во спортот (ЦАС) пред Светското првенство во 2018, кога Мунир Ел Хадади, фудбалерот на Севилја, сакаше да заигра за Мароко, но не успеа поради тоа што одиграл еден меч за Шпанија во септември 2014, кога влегол во 77. минута од мечот.