Либанскиот фудбалер Мохамед Атви почина во болница откако беше погоден со залутан куршум во главата. 32-годишниот Атви бил погоден во главата на 21 август од куршум кој бил испукан на погреб на еден пожарникар кој го загубил животот во експлозијата на пристаништето во Бејрут.
Пукање во воздух на свадби и погреби е практика на Блискиот Исток (слично како кај нас), и Атви бил жртва на таков инцидент додека пешачел во јужен Бејрут. По инцидентот, пред болницата во која беше Атви имаше протести во обид да се забрани пукањето на воздух, а неговото семејство бараше детална истрага.
Атви, кој имаше три настапи за репрезентацијата на Либан, играше за клубот Аха Али Алеј, кои потврдија дека тој починал во петокот.