Најскапиот светски фудбалер Нејмар не престанува да предизвикува проблеми во ПСЖ. Како што пипува „Лекип“ тој имал вербален дуел со тренерот Унаи Емери.
Нејмар, во летниот преоден рок за сума од 222 милиони евра од Барселона се пресели во ПСЖ. Според шпекулациите покрај парите тој се решил за францускиот клуб за да излезе од сенката на Лионел Меси, а главна цел во новиот клуб ќе му биде да ја освои Лигата на шампионите и „Златната топка“.
Бразилецот од доаѓањето во Париз се обидува да се наметне како лидер во тимот, поради што пред неколку недели на натпреварот со Лион влезе во разправија со соиграчот Единсон Кавани, а како што пренесе „Лекип“ пред два дена тој се расправал и со тренерот Емери.
Наводно, на тренингот по дуелот со Андерлехт во Лигата на шампионите, Емери им рекол на играчите кои играа во Брисел пред време да го завршат тренингот, но Нејмар не се согласил со тренерот.
Шпанскиот стратег останал на својот став, а Нејмар пред да замине во соблекувалната бесот го искалил врз топката.
Истиот извор наведува дека сведок на ова бил и легендарниот кошаркар Коби Брајант кој како гостин го следел тренингот на ПСЖ.