Top Sport

Ацо Петровиќ станува бразилски селектор

По дебаклот на Евробаскетот на хрватската репрезентација, Ацо Петровиќ беше избркан од селекторското место, но тој нема долго да бара нова работа – бразилските медиуми тврдат дека тој е првиот кандидат за бразилската клупа.

Според овие шпекулации, Петровиќ ги импресионирал  Бразилците уште минатото лето, каде што на Олимпијадата во Рио, Хрватска го совлада домаќинот.

Сегашен тренер на Бразил е Цезар Гуидети, кој ја предводеше репрезентацијата на Американскиот куп. Бразил има проблем со добивањето на своите НБА ѕвезди, Нене, Сплитер, Нето, Фелисио, слично како и европските репрезентации. Петровиќ покрај на хрватската клупа во минатото беше селектор и на Босна и Херцеговина.

Scroll to Top