Новите премиерлигашо, Лидс и Фулам одиграа еден неверојатен меч, во кој во првиот премиерлигашки меч на „Еланд роуд“ по 16 години, Лидс успеа да стигне до 4:3 победа, а македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски влезе во игра во 70-тата минута.
Гол-шоуто почна во петтата минута, кога Хелдер Коста постигна апсолутно фантастичен гол за водство на Лидс, по што до крајот на полувремето имаше два (помалку сомнителни) пенали, по еден на двете страни. Прво Александар Митровиќ израмни за Фулам во 34. минута, пред Матеуш Клих во 41. минута пак да ги донесе домаќините во водство.
Лидс ја презеде контролата на мечот откако во 50. минута, Патрик Бемфорд доби одлична топка од Клих за лесно да го совлада Ареола, а потоа Бемфорд му асистираше на Коста само седум минути подоцна за уште еден убав гол.
Фулам, сепак, не се откажа. Боби Рајд во намали на 4:2 во 62. минута, а пет минути подоцна Митровиќ со својот втор гол (овојпат со глава) да го направи финишот интересен.