Вилјареал ја забележа својата прва победа во новата сезона во Ла лига, откако се вратија од негатива за 2:1 триумф над Еибар.
„Жолтата подморница“ постигна прва гол во 10-тата минута преку Жерард Морено, но голот беше поништен поради офсајд, по што гостите во 50-тата минута поведоа со голот на Кике Гарсија, кој ја искористи лошата реакција на одбраната на домаќините.
Морено, сепак, се запиша во листата на стрелците во 63. минута со прекрасен гол од свртување, за во 71. минута Пако Алкасер да избегне офсајд стапица за конечни 2:1.
Вилјареал сега има четири поени по ремито во првото коло, додека Еибар досега има собрано само еден поен.